Главниот град на болдерите

Истите оние неверојатни гранитни форми кои го обликуваат пејсажот на прилепската околина и на кои тркачите на КМТ имаат можност да трчаат и восхитуваат, го прават Прилеп и неговата околина еден од најдобрите и најпрочуените болдеринг локации во светот.

Големиот број на веќе разработени (означени и исчитени) локалитети кои нудат бројни насоки и болдер проблеми за качување го ставаат овој регион на врвот на светската болдеринг листа за посетување.

Токму на овие локации секоја година во месец април се одржува и боулдеринг маратонот – Крали Марко кој се одржува неколку години по ред. – Прилеп Болдеринг

Тука можете да го погледнете и онлајн изданието на водичот за качување изработен спрецифично за овој регион а истиот можете да си го купите на следниот линк или од локалното туристичко инфо биро во центарот на Прилеп

Линк за купување – http://prilep-bouldering.com/guidebook/buy-in-prilep/