Истражи го Прилеп и неговата околина

loading map - please wait...

Стара чаршија: 41.345787, 21.555432
Маркови кули: 41.361592, 21.538260
Карпата „Слонче”: 41.358562, 21.540869
Музеј на тутун: 41.366968, 21.514039
Инфо центар Прилеп: 41.345583, 21.552801
Манастир „Свето Преображение“, село Зрзе: 41.521572, 21.342819
Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Трескавец: 41.404153, 21.537975
Манастир „Свети Архангел Михаил“ - Варошки: 41.357572, 21.530790
Манастир „Свети Никола“ - село Манастир: 41.167955, 21.730818
Крушево: 41.345887, 21.071777
Битола: 41.029677, 21.329216
Национален парк Пелистер: 41.001455, 21.212962
Галичица : 40.964167, 20.832778
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Стара чаршија

Старата чаршија

Старата чаршијаСместена во срцето на Прилеп, старата чаршија претставува центарот на збиднувањата и духот на градот. Бројните мали занаетчиски дуќанчиња, меани со традиционална храна, саат-кулата, луѓето и топлата енергијата која циркулира низ ова место се задолжителни за посета.

ГПС - 41.345787, 21.555432
Извор: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/7c/Стара_чаршија-Прилеп.jpg

Prilep, Municipality of Prilep, Macedonia (FYROM)
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Маркови кули

Маркови Кули

Маркови КулиЕдна од најубавите и дефинитивно највпечатливите локалитети во околината на Прилеп се Марковите Кули. Овие природни карпести формации стари повеќе од 300 милиони години кои високо се издигнуваат над градот, во историјата биле упориште на многу царства на овој регион, меѓукои и на царот Волкашин и неговиот син Марко. Денеска, грамадните низи и уникатни карпести формации се наоѓаат на привремената листа на Светското и природно наследство при УНЕСКО, а во Македонија локалитетот е прогласен за Споменик на природата.

ГПС - 41.361592, 21.538260
Извор: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/9e/Маркови_Кули_%2810%29.JPG

Маркови Кули, Прилеп, Македонија
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Карпата „Слонче”

Карпата „Слонче”

Карпата „Слонче”Во гранитните блокови расфрлани низ околината на Прилеп и Марковите Кули ќе наидете на најразлични формации и облици. Една од најкарактеристичните е и карпата Слонче која се наоѓа во непосредна близина на градот. Карпата е висока 8 метри, а постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците.
Во почетоците на настанот „По стапките на Крали Марко” ова место беше стартот и финишот на трките.

ГПС - 41.358562, 21.540869
Извор: https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Слонче.JPG
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Музеј на тутун

Музеј на тутун

Музеј на тутунСпоред некои историски извори тутунот во околината на Прилеп бил донесен уште пред 500 години, а до денешен ден, производство на оваа билка за регионот е од исклучителна важност. Затоа Прилеп е и познат како „градот на тутунот”, а токму тука вие имате можност да го посетите и единствениот на Балканот, а и еден од најголемите и најопремените музеи на тутун во светот. Истиот е формиран во 1973 година, а во него има околу 1700 експонати поврзани со уживањето на тутунот.

ГПС - 41.366968, 21.514039
Извор: http://macedonia.for91days.com/the-tobacco-museum-of-prilep/
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Инфо центар Прилеп

Инфо центар Прилеп

Инфо центар ПрилепГПС - 41.345583, 21.552801
Извор: http://prilep-bouldering.com/guidebook/buy-in-prilep/
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Манастир „Свето Преображение“, село Зрзе

Манастир „Свето Преображение“, село Зрзе

ЗрзеМанастирот Свето Преображение - Зрзе се наоѓа на 34 километри одалеченост од Прилеп, на 1000 метри висина, во подножјето на планината Даутица. Неговата местоположба овозможува прекрасна гледка над целото Прилепско поле.
Манастирот е изграден кон средината на ХIV век, во време на царот Стефан Душан. Доминантна црква во манастирскиот комплекс е Свето Преображение, а во околината има уште три изградени цркви и неколку пештерни. Во близина на манастирот се наоѓаат и богати археолошки локалитети кои датираат од бронзеното време се до средниот век.

ГПС - 41.521572, 21.342819
Извор: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/15/Зрзе_19.JPG
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Трескавец

Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Трескавец

DSC_0100_DSC_0102Манастирот Успение на Пресвета Богородица - Трескавец се наоѓа на 14 километри одалеченост од Прилеп, на 1280 метри висина, веднаш под врвот Златоврв (1422 мнв). Издигнат високо над карпите дава прекрасен поглед на околината и планинските превои што водат во Пелагонија, и затоа уште од антиката местото имало значајна стратешка положба.
Сите три трки од настанот „По стапките на Крали Марко” минуваат низ оваа локација.

ГПС - 41.404153, 21.537975
Фото: Boris Gadjowsky

Treskavec, Municipality of Dolneni, Macedonia (FYROM)
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Манастир „Свети Архангел Михаил“ - Варошки

Манастир „Свети Архангел Михаил“ - Варошки

SvArhangelVaroskiМанастирот Свети Архангел Михаил се наоѓа во населбата Варош, во непосредна близина на Прилеп. Самиот манастирски комплекс е сместен во пазувите на Маркови кули кои се издигаат високо над градот. Во манастирот има една црква посветена на свети Архангел Михаил и два конаци.
Овој манастир е значаен по убаво зачуваните фрески на македонските средновековни владетели Волкашин и Марко, коишто се јавуваат како ктитори на манастирот.

ГПС - 41.3575715, 21.5307901
Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/Варошки_Манастир#/
media/File:Sv._Arhangel,_Varo%C5%A1ki.jpg
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Манастир „Свети Никола“ - село Манастир

Манастир „Свети Никола“ - село Манастир

Manastir-Sv.Nikola-MariovoМанастирот Свети Никола се наоѓа на 45 километри од градот Прилеп, во селото Манастир. Тој претставува значаен духовен центар за целата област Мариово, која што доживува егзодус во последните 50тина години.
Првата фаза од изградбата на манастирот започнала во 1095, а денешниот изглед го добива во 1266 година. Последните археолошки истражувања покажуваат дека самиот манастирски комплекс и селото Манастир биле средновековен центар на целата област. Тоа го потврдија многуте пронајдени артефакти и коски на монаси откриени во дворот на манастирот.

ГПС - 41.1679553, 21.7308175
Извор: https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Manastir-Sv.Nikola-Mariovo.JPG
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Крушево

Крушево

KrushevoНа само 30 километри од Прилеп или 40тина минути возење со автомобил се наоѓа Крушево, највисокиот град на Балканот. Ова мало гратче сместено на 1350 метри надморска височина е буквално град музеј. Покрај тоа што е познато како место во кое е оформена првата република на балканот (Крушевска република), градот Крушево има потполно уникатна архитектура, култура, традиција и историја која не смеете да ја пропуштите. Заради својата перфектна местоположба и природа, градот Крушево е идеално место за спортови на отворено. Светски е познато по натпреварите во параглајдинг, а во последно време и по велосипедските тури, патеките за планинарење, како и зимските спортови. Посетете го Крушево!GPS - 41.1679553, 21.7308175
Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Kruševo#/media/File:Krusevocentre.jpg

Krushevo, Municipality of Krushevo, Macedonia (FYROM)
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Битола

Битола

The Битола е најголемиот град во Пелагонија и е сместен во подножјето на Баба планина. Градот Битола е родното место на Браќата Манаки (првите филмски сниматели на Балканот) и место кое пишува историја повеќе од 2000 години. Посетата на Битола ќе биде патување низ историјата на овој крај. Почнувајќи од античкиот град Хераклеа и римскиот пат Виа Егнација па се до Саат кулата и Јени Џамијата од османлискиот период.
ГПС - 41.029677, 21.329216
Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/Битола#/media/File:
Bitola_053.JPG

Битола, Општина Битола, Македонија
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер Еден од трите национални паркови во Македонија - Пелистер се наоѓа близу градот Битола кој лежи во подножјето на планината. Пелистер ќе ве магепса со својата уникатна флора и фауна и ќе ви понуди можност за активен одмор во природа. Пешачењето до врвот Пелистер (2601м) преку разните планинарски патеки сместени во длабоките моликови шуми, познатите глацијални езера Пелистерски очи и погледот кон Пелагонија и Преспанското езеро ќе ве натераат повторно да се вратите во овој магичен крај.
ГПС - 41.001455, 21.212962
Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/Пелистер#/media
/File:Prespansko_ezero_od_Pelister_vo_zima.jpg

Национален Парк Пелистер, Macedonia (FYROM)
marker icon
icon-car.png Fullscreen-Logo KML-Logo
Галичица

Галичица

GalichicaЗамислете планина со поглед на два града, две природни езера и две различни држави. Ете тоа е Галичица. Националниот парк Галичица е еден од двата национални паркови кои се наоѓаат во близина на градот Прилеп. Позната е по неверојатните панорами на Охридското и Преспанското езеро и по фантастичните услови за параглајдинг, велосипедизам, спелеологија и планинарење. За љубителите на овие спортови можностите се безбројни. Без разлика дали ќе се качувате на врвот Магаро (2254м); ќе истражувате некоја од многуте пештери; со параглајдер ќе долетате на некоја од плажите на Охридското езеро; или пак ќе возите велосипед; со сигурност нема да погрешите. Галичица има што на понуди, ваше е само да дојдете.
ГПС - 40.964167, 20.832778
Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/Galichica#/media/File:
Gаличица_2011.jpg

Галичица, Охрид, Македония (БЮРМ)