Прилеп македонија

Како да стигнете во Прилеп?

Прилеп се наоѓа на оддалеченост од околку 130 километри од главниот град Скопје. Оттаму се возможни повеќе видови на транспорт до Прилеп.

Со авион – најблиски аеродроми до Прилеп се:

Скопје – http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=345
Солун – http://www.thessalonikiairport.com/
Охрид – http://ohd.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=345

Со автомобил

До Прилеп можете да стигнете од Скопје за 1 час и 50тина минути. Треба да го појдете по автопатот Е-65 (за Атина) и некаде кај Градско се свртува на регионалниот пат А1 – за Прилеп, Битола, Охрид. Попатно има две наплатни патарини, една од 80МКД и една од 40 МКД.

Со воз

Од главната железничка станица во Скопје секојдневно сообраќа линија до градот Битола во 6.42, 14.30 17.10 и 20.12. – локално време. http://mzt.mk/vozen-red/

Со автобус

Автобуска станица Скопје –http://www.sas.com.mk/VozenRed.aspx
Автобуска станица Битола – http://www.transkop.mk/