Општи информации за Прилеп

 

Добредојдовте во Прилеп – градот под Марковите кули. Со посетата на овој град,  сместен во срцето на древната Македонија, добивате можност да се запознаете со некои од најуникатните македонски традиции, богатата историја, природа и да уживате во вкусната, квалитетна и богата македонска храна, како и пријатната клима.

Прилеп се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија, поточно во северниот дел на најголемата котлина во Македонија – Пелагонија. Познат е како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до некогашната тврдина на легендарниот херој Крали Марко, чиешто име го носи и оваа трка. Се смета и за „главен град на тутунот” поради развиеното производство на оваа билка, а големиот број на цркви, манастири и богатата стара чаршија во центарот на градот се одлични репрезенти на неговото културно-историско наследство.

Општи информации
Локација: Во јужниот дел од Македонија – во котлината Пелагонија
Се наоѓа на 128 км од главниот град Скопје
Жители: 76.768
Површина на која се простира: 1.675 км2
Јазик: Македонски