„По стапките на Крали Марко” / Krali Marko Trails е трка во планинско трчање која секоја година се оддржува во градот Прилеп и неговата околина. Спортскиот настан во себе опфаќа три трки со различни должини: 16км, 31км и 90км. Трката на 90км годинава ќе се оддржи за прв пат. Таа е првата македонска ултра-маратонска трка  и истата е со сертификат од светската треил организација ITRA.

Иако стартот на трките е на 24 и 25 септември, тимот на Крали Марко Треилс (КМТ) поточно организаторите – клубот TREX/ПСД Макпетрол реши да отпочне со серија на отворени тренинзи кои ќе имаат за цел, не само подготовка за престојоното издание на нашата трка, туку и промоција на овој спорт. Тренинзите (дружењата) се отворени за сите оние кои веќе активно се бават со овој спорт, но и за оние кои би сакале да почнат.

Во овој серијал ќе трчаме насекаде низ Македонија. Патеките на кои ќе се трча ќе бидат прилагодени за сите оние кои ќе се придружат како во должински, така и во висински профил. Ќе трчаме во планина, покрај реки, ќе качуваме врвови, ќе бидеме супер брзи на спустовите.  Ве уверуваме дека кога еднаш ќе се решите  да почнете со овој спорт, никогаш повеќе нема да престанете.

Во прилог следува галерија од првите два отворени тренинзи, првиот во околината на Катланово овој февруари и вториот во Слан дол – штипско. Следете не на нашиот ФБ профил и интернет страна (kmt.mk) и бидете информирани за третиот отворен тренинг кој следува наскоро. Дојдете да трчаме/спортуваме/уживаме заедно, станете дел од нашето семејство.

12440678_10208077337868280_7266877568392505001_o

12646841_10208077349348567_4832970613905865249_o

12697149_1043658519026300_5222501463949474890_o

12697430_1043659132359572_6664435470372700624_o

12628625_10207978725403030_4829083135932544708_o

12615405_10207978725963044_5531091081103948213_o