РЕГИСТРАЦИЈАТА Е ЗАТВОРЕНА!



КРАЛИ МАРКО УЛТРА ТРЕИЛ 110K 5300D+

Најдолгата трка во едицијата на Крали Марко Треилс, го носи и најголемиот предизвик. Да се биде учесник на Крали Марко Ултра Треил значи да се биде дел најголемата македонска ултра трка со должина од 110 километри. Епскиот лик на Крали Марко и неговата сила, моќ и издржливост се вистинско олицетворение на она што можете да го очекувате од оваа трка.

Патеката ќе ве води низ низа од прекрасни села, манастири и историски места, а недопрените треил патеки во резерватот Мукос, врвот Козјак и Марковите Кули, како и техничките спустови низ карпест и каменест предел, ја прават трката да биде ултимативен тест на изджливост и една од најтешките на Балканот.

Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867
Старт – 22.09.2017 (петок) – 23:00h локално време


Трката Крали Марко Ултра Треил 110К 5300Д+ е сертифицирана од страна на ITRA и истата носи 5 поени за
реномираната европска трка Ultra Trail du Mont Blanc

Download

Контролни точки

  Control points Facilities Total km Part km D+ to next D+ cum D- to next D- cum Time first Time last Time limit / Drop Bag
START Varosh Whistle-512 0 0 0 0 0 0 23:00 23:00  
CP1 Treskavec    Food&Drink Medical 8 8 640 640 80 80 0:00 1:05  
CP2 Prilep Lake    Food&Drink Medical 18 10 200 840 670 750 0:50 2:45  
CP3 Pletvar    Food&Drink Medical 25 7 260 1100 30 780 1:40 4:15  
CP4 Krstec    Food&Drink Medical 34 9 820 1920 730 1510 3:00 7:30  
CP5 Sv. Gjorgi – Prisad    Food&Drink Medical  41 7 220 2140 300 1810 4:00 10:00  
CP6 Sv. Jovan – Nebregovo    Food&Drink Medical launch_icon 54 13 700 2840 890 2700 5:30 15:00 15:00h Saturday (17hours from start) / Drop Bag
CP7 Krstec    Food&Drink Medical  74 20 1036 3876 750 3450 8:00 20:30  
CP8 Prilep Lake    Food&Drink Medical Transport 87 13 360 4236 670 4120 9:00 23:25  
CP9 Dabnica road    Food&Drink Medical 96 9 540 4776 540 4660 11:00 2:15  
CP10 Treskavec    Food&Drink Medical 100 4 500 5276 0 4660 12:15 3:45  
FINISH Varosh  finish_flag 107 7 80 5356 640 5300 13:25 5:00 05:00h Sunday (30 hours from start)

Временски лимит 30h

Whistle-512 Food&Drink Medical launch_icon Transport finish_flag
Start Food & Drinks First aid kit Soup Transport Finish
Date Sunrise Sunset Daylength
23.09.2017 06:22 18:29 12:07:01

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО

  • Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
  • Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
  • Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
  • Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Назив на налогопримач: ТРЕКС | Адреса: Сава Ковачевиќ 47/3-54 1000 Скопје | Трансакциска сметка: 270069272700140 | Банка: Халк Банка | Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка) | Повикување на број: KMT001002743

Цени и бранови за пријавување:

ТРКА Рана пријава

01.04 – 30.06.2017

Доцна пријава

01.07 – 31.08.2017

Трескавец Треил 16K 250 денари 350 денари
Камена Баба Треил 31K 500 денари 700 денари
Козјак Треил 65K 1200 денари 1800 денари
Крали Марко Ултра Треил 110K 1800 денари 2400 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа Не се наплаќа

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Паста парти (*само за 110км)
  • Финишерски оброк (**само за трките на 65 и 110км)
  • Онлајн диплома
  • Подароци од партнерите на трката
  • КМТ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо

Секоја пријава може да се збогати со дополнителна опција:

  • Брендирана памучна маица – 300 денари
  • Брендиран поларен дуксер – 1000 денари