РЕГИСТРАЦИЈАТА Е ЗАТВОРЕНА!



КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ – 31K 1250D+

„Камена Баба Треил” започнува и ја следи истата патека до манастирот Трескавец како и „Трескавец Треил” за потоа да продолжи по фасцинантниот карпест терен на патот за селото Дабница. Оттаму го качува ридот Кукул на кој се наоѓа и светски познатиот болдеринг локалитет „Камена Баба” и се упатува кон контролната точка на Прилепското езеро. Од таа контролна точка патеката се враќа назад, го заобиколува Кукул и болдер локалитетот Камена Баба и се упатува кон седлото „Наковална” каде се префрла на северната страна на ридот позади Марковите Кули. Оттука, трката се враќа во Варош.

Ако сакате да искусите малку подолга и потешка авантура и да се „изгубите” во прекрасните камени формации распослани по Марковите Кули тогаш оваа трка е вистинскиот избор за вас.

Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867
Старт – 23.09.2017 (сабота) – 10:00h локално време

Download

Контролни точки

  Control points Facilities Total km Part km D+ to next D+ cum D- to next D- cum Time first Time last Time limit
START Varosh  Whistle-512 0 0 0 0 0 0 10:00 10:00 10:00
CP1 Treskavec   Food&Drink Medical 8 8 640 640 50 50 10:50 12:00 12:00
CP9 Road Dabnica   Food&Drink Medical 13 5 20 640 540 590 11:20 13:30 13:30
CP2 Prilep Lake Food&Drink MedicalTransport 18 5 230 890 210 800 12:00 15:00 15:00
CP9 Road Dabnica Food&Drink Medical 25 7 150 1040 160 960 12:40 16:00 16:00
FINISH Varosh  finish_flag 31 6 220 1260 280 1240 13:20 18:00 18:00 Time Limit

Временски лимит – 8h

 

Whistle-512 Food&Drink Medical Transport finish_flag
Start Food & Drinks First aid kit Transport Finish

 

Date Sunrise Sunset Daylength
23.09.2017 06:22 18:29 12:07:01

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО

  • Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
  • Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
  • Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
  • Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Назив на налогопримач: ТРЕКС | Адреса: Сава Ковачевиќ 47/3-54 1000 Скопје | Трансакциска сметка: 270069272700140 | Банка: Халк Банка | Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка) | Повикување на број: KMT001002743

Цени и бранови за пријавување:

ТРКА Рана пријава

01.04 – 30.06.2017

Доцна пријава

01.07 – 31.08.2017

Трескавец Треил 16K 250 денари 350 денари
Камена Баба Треил 31K 500 денари 700 денари
Козјак Треил 65K 1200 денари 1800 денари
Крали Марко Ултра Треил 110K 1800 денари 2400 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа Не се наплаќа

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Паста парти (*само за 110км)
  • Финишерски оброк (**само за трките на 65 и 110км)
  • Онлајн диплома
  • Подароци од партнерите на трката
  • КМТ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо

Секоја пријава може да се збогати со дополнителна опција:

  • Брендирана памучна маица – 300 денари
  • Брендиран поларен дуксер – 1000 денари