РЕГИСТРАЦИЈАТА Е ЗАТВОРЕНА!



КОЗЈАК ТРЕИЛ 65К 3000Д+

Доколку сте љубители на легенди и сакате трки со емотивна и историска тежина тогаш топло ви ја препорачуваме Козјак треил, трката од која започна се. За прв пат беше одржана во 2012 година како прва и најдолга ултра планинска трка во Македонија и оттогаш наваму имаше вкупно 3 изданија. Името на трката потекнува од највисоката точка на патеката, врвот Козјак (1747м), кој се наоѓа на точно половина патека, а истата има вкупно висинско качување од 3000м низ теренот кој ви гарантира доживување кое ќе го паметите засекогаш.

Очекувајте патека со тежок технички терен, недопрена природа  и митско опкружување на најголемата македонска висорамнина. Ако барате предизвик повеќе и влез во ултра маратонската заедница, Козјак треил е вистинскиот избор за вас.

Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867
Старт – 23.09.2017 (сабота) – 08:00h локално време


Трката Козјак Треил 65К 3000Д+ е сертифицирана од страна на ITRA и истата носи 4 поени за
реномираната европска трка Ultra Trail du Mont Blanc

Download

Контролни точки

  Control points Facilities Total km Part km D+ to next D+ cum D- to next D- cum Time first Time last Time Limit / Drop Bag
START Varosh  Whistle-512 0 0 0 0 0 0 8:00 8:00  
CP1 Treskavec   Food&Drink Medical 8 8 640 640 80 80 9:00 11:00  
CP2 Prilep Lake   Food&Drink Medical 18 10 200 840 670 750 10:00 12:00  
CP3 Pletvar   Food&Drink Medical 24 7 260 1100 30 780 10:40 13:00  
CP4 Krstec   Food&Drink Medical 35 9 820 1920 730 1510 12:00 16:00  
CP5 Sv.Gjorgi-Prisad   Food&Drink Medical launch_icon 41 7 220 2140 300 1810 12:50 18:00 Drop Bag
CP8 Prilep Lake   Food&Drink Medical Transport 47 6 0 2140 220 2030 13:30 20:00 20:00h Time Limit (12 hours from start)
CP10 Treskavec   Food&Drink Medical 57 10 660 2800 180 2210 14:45 21:30  
FINISH Varosh  finish_flag 64 7 80 2880 640 2850 15:40 23:00 23:00h Time Limit (15 hours from start)

Временски лимит – 15ч

 

Whistle-512 Food&Drink Medical launch_icon Transport finish_flag
Start Food & Drinks First aid kit Soup Transport Finish

 

Date Sunrise Sunset Daylength
23.09.2017 06:22 18:29 12:07:01

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО

  • Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
  • Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
  • Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
  • Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Назив на налогопримач: ТРЕКС | Адреса: Сава Ковачевиќ 47/3-54 1000 Скопје | Трансакциска сметка: 270069272700140 | Банка: Халк Банка | Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка) | Повикување на број: KMT001002743

Цени и бранови за пријавување:

ТРКА Рана пријава

01.04 – 30.06.2017

Доцна пријава

01.07 – 31.08.2017

Трескавец Треил 16K 250 денари 350 денари
Камена Баба Треил 31K 500 денари 700 денари
Козјак Треил 65K 1200 денари 1800 денари
Крали Марко Ултра Треил 110K 1800 денари 2400 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа Не се наплаќа

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Паста парти (*само за 110км)
  • Финишерски оброк (**само за трките на 65 и 110км)
  • Онлајн диплома
  • Подароци од партнерите на трката
  • КМТ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо

Секоја пријава може да се збогати со дополнителна опција:

  • Брендирана памучна маица – 300 денари
  • Брендиран поларен дуксер – 1000 денари