Ни претставува особена чест и задоволствно да ви ја најавивме новата соработка на тимот ТРЕКС со телефоните CAT®  – Програм Плус кои оваа година ќе бидат дел од новитетот на Крали Марко Треилс – ОФИЦИЈАЛЕН CAT® СИСТЕМ за мерење и следење на тркачите како и “во живо” онлајн прикажување на податоците од сите трки.

Во чекор со најсовремената технологија и новитети во светските спортско-рекреативни настани од овој тип, оваа година тимот на ТРЕКС заедно со помошта од телефоните CAT®  S40 ќе го изведат официјалното мерење на сите трки на Крали Марко Треилс 2017. Се работи за систем базиран на НФЦ (Near field communication) технологија кој заедно со соодветна мобилна апликација ќе овозможи лесно, брзо и прецизно детектирање на сите тркачи на контролните точки.

Системот ќе биде инсталиран на повеќе CAT® S40 уреди распоредени на сите (вкупно) 10 контролни точки и Старт/Финиш зоната со што секое минување на тркачите на четрите трки за возрасни на Крали Марко Треилс ќе биде регистрирано и испратено онлајн на соодветна страна за прикажување на резултати. Со ова ќе се овозможи следење на сите регистрирани тркачи кои моментално се на терен, следење на нивното време и прогрес низ трката како и соодветно водење на нивниот резултат исто како и на големите натпреварувања во планинско трчање низ Eвропа и светот.

CAT_S40_Hands_On-5

Нешто повеќе за CAT® телефоните

CAT® B30

Со својот милитаристички дизајн, овој уред потсетува на војнички телефон. Може да издржи до 1ч на длабочина од 1м, а исто така располага и со батериска ламба што ќе ви се најде во темни локации. Има мека физичка тастатура со бројки и букви, едно главно копче во средината и кружен тракпад со команди за брзи активации на одредени апликации.

CAT® S40

Станува збор за Android телефон со моќен Qualcomm Snapdragon 210 MSM8909 процесор од 1.1 GHz, 1GB RAM меморија и 16GB внатрешна меморија (со слот за екстерна меморија до 64GB).  Модерен екран со  големина од 4.7” и резолуција од 540х960 пиксели. Што се однесува до камерите,  предната е со 2MP, а задната со  8MP. Со CAT S40 може да се снимаат  Full HD видеа со резолуција 1920х1080/60fps, а камерата вклучува и опција за гео тагирање на фотографиите.

Во поглед на конекциите, телефонот нуди WiFi, 4G, Bluetooth (4.1), GPS, како и NFC (Near Field Communication), а изобилува со сензори како оние за светлина, раздалеченост, ацелерометар и компас. Телефонот има батерија од дури 3000 mAh која овозможува фантастични 39 дена во мирување  и 18 часа во зборување.

Во поглед на издржливоста, CАТ S40 го исполнува MIL-810G стандардот на издржливост според сите воени параметри, што значи направен е да издржи пад од височина од 1.8 метри на бетонска површина, како и работа при екстремни температури од -25 °C  до 55 °C. Стандардот за издржливост од вода и прашина му е IP67 и може да издржи силна толнина, паѓање во кал, навлегување на прашина, во солена вода до 1 час, при длабочина од 1 метар.

CAT® S60

Овој модел, едноставно кажано е фантастичен. Има бројни елементи кои го заштитуваат телото, преклопи, навртки, засилено стакло и метални компоненти. Со сите овие додатоци во дизајнот не е премногу дебел (12мм), туку напротив компактно е склопен и лесен за држење во рака. Може да се справи со солена вода, соларна радијација, шокови и вибрации, влажност и навлегување на прашина. Го има најмоќниот IP68 сертификат за заштита од вода.

Целосно е водоотпорен на неверојатна длабочина од 5м и слободна на таа длабочина ќе можете да снимате или да фотографирате. CAT® S60 може да издржи пад на бетон од висина од 1.8 м, без да претрпи никакви оштетувања. Има заштитно Coring Gorilla Glass 4 стакло од 1мм или двојно повеќе од кај вообичаените смартфони.

Овој уред има уникатен сензор за регистрирање на топлина изработен од FLIP кој е најдобар бренд во оваа област. Станува збор за мал чипсет кој ја надополнува основната камера на CAT® S60 која има 16 мегапиксели. Корисниците со термалната камера ќе може директно да мерат топлина и температура, да регистрираат топлински отпечаток, да прават споредба на степените и да се осигураат дека некаде има извор на топлина. Ова е одлична функција за сите кои работат во електрика, инжинерство, градежништво и во многу други професии.

Опремен е со 3 GB RAM, 32 GB внатрешна меморија која може да ја надополните со 256 GB microSD катричка. Фиксна батерија со капацитет од 3800 mAh. Сите останати компоненти се внимателно одбрани за да се постигнат врвни перформанси кои во чекор со сите модерни смартфони, па така CAT® S60 е убедливо најдобриот супер издржлив телефон.

CAT® Телефоните можете да ги најдете во продажните салони на Телеком и Вип, како и во салонот на Office Shoes.

S40-9-sailing-700x364