Би сакале да ги известиме сите пријавени тркачи и љубители на Крали Марко Треилс дека, на жалост,  пожарот пред извесно време кој беше во северозападните падини на Марковите Кули зафати голем дел од ниската вегетација во поширокиот регион над градот.

Ситуацијата е стабилизирана и под контрола, а околината на патеката е опожарена на неколку места на искачувањето према манастирот Трексавец, првите сегменти од спуштањето на релација Трескавец – Варош, спуштањето према селото Дабница и Единак.  Манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец” не е зафатен во ниту еден дел

Воедно би сакале да апелираме до сите граѓани и туристи во Македонија да обрнат поголемо внимание врз евентуалните нови пожари и навремено да ги известат противпожарните служби.

Искрено се надеваме на што побрзо опоравување и ревитализирање на природата во овој прекрасен и магичен дел од Македонија!

20729672_10212089646269525_1861929496817729821_n