Параглајдинг над Пелагонија

Пелагонија претставува најголема рамница во Македонија и од сите страни таа е обиколена со планински масиви. Овие географски одлики заедно со умерената клима ги даваат најдобрите услови за параглајдинг во целата држава, а локациите како Трескавец, Крушево и Селечка планина се вистинското место откаде можете да го искусите тандем летањето со параглајдер и да го погледнете светот од поинаква перспектива.

Искористете го викендот за време на Крали Марко Треилс и закажете тандем летање со некој од клубовите, глетката на Пелагонија од небото е фантастична…

Крали Марко Треилс во соработка со клубот за екстремни спортови „Скајрајдерс” од Прилеп ќе обезбеди специјална понуда за тандем летови на сите заинтересирани натпреварувачи на КМТ 2016. Информациите ќе бидат објавени во текот на наредниот период.