
Кој е Крали Марко
Марко Крале – јунак над јунаци! – воскликнуваат стотици македонски и балкански народни приказни, песни, преданија, митови и легенди. Бесконечно долга е низата на јунаштва и подвизи на овој средновековен и легендарен владетел на тлото на Прилеп и Македонија. Долга и јуначка како ултра маратон!