Официјално сместување

Хотел Атлас Сити Центар ★★★★
Официјално сместување на Крали Марко Треилс 2017

Сместен во срцето на старата чаршија и центарот на градот Прилеп, со перфектни услови за уживање во градот, Хотелот Атлас Сити Центар оваа година нуди промотивна понуда за сместување на сите регистрирани учесници на Крали Марко Треилс 2017.

Ноќевање со појадок – 21 €

Сите заинтересирани може да резервираат ноќевање единствено директно на следниот е-маил – hotelatlas17@gmail.com со назнака – КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС – и со наведен БИБ број (добиен по успешна регистрација за некоја од трките).

Воедно, ресторанот со најдобриот поглед во Прилеп во склоп на хотелот ќе биде место каде ќе биде послужени оброците за тркачите на подолги дистанци – Козјак Треил и Крали Марко Ултра Треил.

Повеќе информации за хотелот ќе пронајдете на следниот линк – https://www.facebook.com/atlascitycenter/

Тимот на КМТ и Атлас Сити Центар ви посакуваат пријатен престој во градот под Марковите Кули.

Слободно сместување

Општина Прилеп како и секоја година, така и оваа, покрај големата поддршка која ја дава за настанот Крали Марко Треилс  ќе ја обезбеди спортската сала во училиштето Добре Јованоски како опција за бесплатно сместување.

Сместувањето ќе биде овозможено единствено викендот за време на настанот 22.09-24.09.2017, а натпреварувачите треба да си носат вреќа и постелка за спиење. Во салата ќе има обезбедено топла вода за туширање.

Секој што сака да биде сместен во шатор ќе има можност тоа да го направи во дворот на училиштето.

Салата се наоѓа на 2 километри оддалеченост од стартот во амфитеатарот во Варош

Адреса 11-ти Октомври 145

ГПС – 41.353056, 21.551944