Би сакале да ве известиме дека првиот бран на пријавување истекува заклучно со 30.06.2017. Цената на котизациите за трките во наредниот период – од 01.07 до 31.08.2017 ќе биде нешто повисока.

Сите веќе пријавени тркачи кои се уште ја немаат подмирено котизацијата може да го пронајдат линкот за одложено плаќање во нивниот ИНБОКС мејл примен по успешно завршеното пријавување за некоја од трките на КМТ2017.

Доколку некој од вас има проблем, слободно контактирајте не на info@kmt.mk или на нашта ФБ страна

 

ТРКА Рана пријава
01.04 – 30.06.2017
Доцна пријава
01.07 – 31.08.2017
Трескавец Треил 16K 250 денари 350 денари

 

Камена Баба Треил 31K 500 денари 700 денари
Козјак Треил 65K 1200 денари 1800 денари
Крали Марко Ултра Треил 110K 1800 денари 2400 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа Не се наплаќа

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Паста парти (*само за 110км)
  • Финишерски оброк (**само за трките на 65 и 110км)
  • Онлајн диплома
  • Подароци од партнерите на трката
  • КМТ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо

Секоја пријава може да се збогати со дополнителна опција:

  • Брендирана памучна маица – 300 денари
  • Брендиран поларен дуксер – 1000 денари