Организацискиот тим на трката „Крали Марко Треилс” со големо задоволство Ве известува за поддршката на Делегацијата на Европската Унија во Македонија на нашиот спортски настан и позитивната соработка.

Крали Марко Треилс оваа 2018 година го има своето осмо издание и истиот претставува вистински спортско-рекреативен настан со голема традиција кој на уникатен начин ја претставува македонската култура и допринесува во развојот на спортот и авантуристичкиот туризам во нашата земја.

Покрај промовирање и развој на овие сегменти, тимот на ТРЕКС секогаш работи и се стреми за подигнување на личните и морални вредности кај учесниците на трката како фер-плеј, понизност, еднаквост, почит и солидарност.

Настанот е закажан на 22.09.2018 година со почеток од најстарото маало во Прилеп – Варош.

Со задоволство ве покануваме да учествувате во навивањето и бодрењето на учесниците кои доаѓаат од дваесетина држави.

ЕУ ИнфоЦентар