Екстремните температури и пеколните услови кои беа дел од осмото издание на трката Крали Марко Треилс не спречија над 450 натпреварувачи од 22 држави да се впуштат во авантурата на една од четирите трки и комплетно да се надминат себеси во вистинска смисла на зборот.
Викендов бевме сведоци на едни од најекстремните временски услови на кои се има одржано трката Крали Марко Треилс во Прилеп. Температурата во просек беше околу 30 Целзиусови степени, а во некои делови од денот таа лесно стигнуваше до 40-тиот. Пустинските услови дефинитивно се одразија врз целиот настан во различен аспект, од тркачки до логистички и организациски, но истите дефинитивно не спречија натпреварувачите да се надминат во една нова, досега невидена авантура на прилепскиот терен.
Поради екстремните услови, организаторот го продолжи лимитот за финиширање за еден час на сите трки, вклучително и лимитот на контролната точка Прилепско Езеро на трката од 67 км.
Најдолгата трка оваа година, Козјак Треил 67К која има искачување од 3600 висински метри, започна во 8 часот наутро, а на истата стартуваа вкупно 57 тркачи од кои успешно завршија 44 со процент на успешност од над 75%.
Победници на трката во женска конкуренција се:
  1. Десислава Цветанова – Бугарија – 10:40:45
  2. Веселка Великова – Бугарија – 11:55:06
  3. Аринета Мула – Косово – 12:27:42
Победници на трката во машка конкуренција се:
  1. Ивајло Керемедџиев – Бугарија – 10:03:38
  2. Пламен Пенов – Бугарија – 10:31:17
  3. Владимир Милушев – Бугарија – 10:38:17
Втората дистанца по должина оваа година на КМТ беше Камена Баба Треил со 34К со 1750 висински метри. Истата ја започнаа 118 тркачи, од кои успешно ја завршија 108.
Победници на трката во женска конкуренција се:
  1. Невена Рајкович – Србија – 4:49:01
  2. Катарина Шолаја – Србија – 5:02:59
  3. Маја Милосављевич – Србија – 5:06:41
Победници на трката во машка конкуренција се:
  1. Александар Кирковски – Македонија – 3:46:23
  2. Љубомир Тодоров – Бугарија – 4:06:43
  3. Даниел Кубашлиев/Венци Младенов – Бугарија – 4:18:59
Најкратката трка Трескавец Треил во должина од 16К со 800 метри искачување воедно беше и најмасовна. Учествуваа вупно 191 натпреварувач од кои 187 ја завршија трката.
Победници на трката во женска конкуренција се:
  1. Брук Филиповски – Австралија – 1:58:03
  2. Мери Мирческа – Македонија – 1:59:14
  3. Антонија Брезовска – Македонија – 2:02:16
Победници на трката во машка конкуренција се:
  1. Александар Стојкоски – Македонија – 1:30:49
  2. Даниел Ангелоски – Македонија – 1:35:11
  3. Игор Стојановски Гиш – Македонија – 1:37:45
Честитаме на сите учесници кои беа дел од оваа авантура, на сите волонтери и помагатели без кои ова немаше да биде возможно и на сите спонзори кои ја поддржаа трката.
До следната авантура…