Ни претставува особено задоволство што нашиот тим оствари првична соработка со здружението Slovak Ultra Trail кое претставува „чадор” асоцијација на сите организатори на ултра-треил настани во Словачка. Тимот веќе околу 3 години работи на полето на унапредување и промовирање на спортот во државата, а нивниот календар на настани кои воглавно се одвиваат на планинските масиви Мала Фатра, дел од Татрите и Карпатите брои 14 настани во планинско трчање.

Тимот на ТРЕКС и Крали Марко Треилс искрено се надева на успешна соработка во следните години како и посета на некоја од овие одлични трки. Од друга страна, една од целите е и да се претстават македонските планини и настани во планинско трчање на големиот број на планински тркачи во оваа европска земја.

Logo SUT 200200

Подолу следи кратко објаснување за здружението SLOVAK ULTRA TRAIL:

Асоцијацијата SLOVAK ULTRA TRAIL е основана во јули 2014 година. Истата година во Јануари одржан е и состанок на тимот во планините Поважски Иновец и оттогаш, активностите и соработката на повеќето организатори се уште трае. Нашата првична цел беше да ги координираме организаторите на ултра-трките во Словачка поради новодонесениот закон за организирање на вакви настани како и поради зголемениот број на ваков тип на настани во календарот.

Денес во асоцијацијата членуваат 19 членови, најмногу од нив организатори со повеќегодишно искуство. Во текот на годините ние изградивме блиска соработка и одличен тим кој ги покрива деловите на волонтирање, логистика, мерење на време, споделување на know-how, одржување на нашиот веб-сајт www.slovakultratrail.sk, промовирање на трките итн. Како и одржување на добро друштво и забава.

Главната цел на нашето здружение е организирање на ултра треил трки во Словачка. Се обидуваме да го издигнеме и популаризираме планинското трчање во нашата држава. Нашата асоцијација ја организира и Словачката Ултратреил Лига (Slovenská Ultratrailová Liga), која претставува годишно натпреварување на тркачите кои учествуваат на овие трки во државата. На крајот од секоја сезона следи завршна церемонија во Братислава (евентинг за организаторите, тркачите и волонтерите).

Нашиот таргет е постојано да го зголемуваме целокупниот квалитет на трките и да ја зголемуваме безбедноста на тркачите. Ние сме фокусирани на поддржување на спортската етика базирана на фер-плеј, еднаквост, почит и солидарност. Не го запоставуваме и нашето влијание врз природата, ставаме акцент на почитот према истата и се обидуваме на го ограничиме нашето загадување.

Веб-сајт – www.slovakultratrail.sk
Фејсбук страна – https://www.facebook.com/Svkultratrail/?fref=ts
Нашата асоцијација е дел од Интернационалната Треилранинг Асоцијација

Трките кои се организирани од асоцијацијата SLOVAK ULTRA TRAIL се:

Нашите членови исто така се ко-организатори на следните партнерски трки:

Нашиот календар со трки за 2017 година може да се најде тука : http://www.slovakultratrail.sk/terminovka-sut/