ПРИЈАВИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ




КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ – 34K 1750 D+

Трката „Камена Баба Треил” ве носи по истата патека до манастирот Трескавец како и „Трескавец Треил” за потоа да продолжи по фасцинантниот карпест терен на патот за селото Дабница. Оттаму го заобиколува ридот Кукул на кој се наоѓа и светски познатиот болдеринг локалитет „Камена Баба” и се упатува кон контролната точка на Прилепското езеро. Од таа контролна точка патеката се упатува кон врвот Единак, се спушта према селото Дабница и се упатува кон седлото „Наковална” каде се префрла на северната страна на ридот позади Марковите Кули. Оттука, трката се враќа во Варош.

Ако сакате да искусите малку подолга и потешка авантура и да се „изгубите” во прекрасните камени формации распослани по Марковите Кули тогаш оваа трка е вистинскиот избор за вас.

Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867

Старт – 22.09.2018 (сабота) – 10:00h локално време


Трката КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ – 34K 1750 D+ е сертифицирана од страна на ITRA и истата носи 2 поени за

реномираната европска трка Ultra Trail du Mont Blanc


Контролни точки

  Control points Facilities Total km Part km D+ to next D+ cum D- to next D- cum Time first Time last Time limit
START Varosh  Whistle-512 0 0 0 0 0 0 10:00 10:00  
CP1 Treskavec  Food&Drink Medical 8.5 8.5 700 700 150 150 10:50 12:00  
CP9 Road Dabnica  Food&Drink Medical 13 4.5 60 760 550 700 11:20 13:30  
CP2 Prilep Lake  Food&Drink Medical Transport 19.7 6.7 160 920 144 844 12:05 15:00  
CP9 Road Dabnica  Food&Drink Medical 29 9.3 569 1489 589 1433 13:15 16:30  
FINISH Varosh  finish_flag 34 5 251 1740 306 1739 13:50 18:00 18:00 Time Limit

Временски лимит – 8h

 

Whistle-512 Food&Drink Medical Transport finish_flag
Start Food & Drinks First aid kit Transport Finish

 

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО

  • Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
  • Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
  • Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
  • Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот

Жиро-сметка за офлајн плаќање

Назив на налогопримач: ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје

Трансакциска сметка: 270069272700140
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка)

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Напомена – во цената не се вклучени банкарските провизии при ОФЛАЈН плаќање

 

Цени и бранови за пријавување:

 

ТРКА Рана пријава

05.05 – 30.06.2018

Доцна пријава

01.07 – 31.08.2018

Краен рок (без подарок од организаторот)

01.09 – 22.09.2018

Трескавец Треил 16 km 300 денари 400 денари 400 денари
Камена Баба Треил 34 km 500 денари 700 денари 700 денари
Козјак Треил 67 km 1200 денари 1800 денари 1800 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа Не се наплаќа Не се наплаќа

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Онлајн диплома
  • Подароци од партнерите на трката
  • КМТ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо