ПРИЈАВИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ



КОЗЈАК ТРЕИЛ 67К 3600Д+

Доколку барате максимален предизвик и трка која крие ултимативна авантура тогаш не барајте понатаму. За прв пат одржана во 2012 година како прва и најдолга ултра планинска трка во Македонија, Козјак Треил претставува култна планинска трка по еден од најдивите предели на прилепскиот регион.

Името на трката потекнува од највисоката точка на патеката, врвот Козјак (1747м), кој се наоѓа на точно половина патека, а истата има вкупно висинско качување од 3600м низ терен кој ви гарантира доживување кое ќе го паметите засекогаш.

Очекувајте патека со тежок технички терен, недопрена природа  и митско опкружување на најголемата македонска висорамнина. Ако барате предизвик повеќе и влез во ултра маратонската заедница, Козјак треил е вистинскиот избор за вас.

Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867

Старт – 22.09.2018 (сабота) – 08:00h локално време

 


Трката КОЗЈАК ТРЕИЛ 67К 3600Д+ е сертифицирана од страна на ITRA и истата носи 4 поени за

реномираната европска трка Ultra Trail du Mont Blanc


Контролни точки

Control points Facilities Total km Part km D+ to next D+ cum D- to next D- cum Time first Time last Time Limit / Drop Bag
START Varosh  Whistle-512 0 0 0 0 8:00 8:00
CP1 Treskavec  Food&Drink Medical 8.5 8.5 700 700 150 150 8:55 10:00
CP2 Prilep Lake  Food&Drink Medical 18 9.5 260 960 730 880 9:50 11:30
CP3 Pletvar  Food&Drink Medical 24 6 240 1200 30 910 10:25 12:30
CP4 Krstec  Food&Drink Medical 34 10 880 2080 785 1695 12:00 14:30
CP5 Sv.Gjorgi-Prisad  Food&Drink Medical launch_icon 41 7 257 2337 341 2036 12:35 17:00 Drop Bag
CP6 Prilep Lake  Food&Drink MedicalTransport 46 5 22 2359 242 2278 13:00 18:00 18:00h Time Limit (10 hours from start)
CP7 Dabnica  Food&Drink Medical 55.5 9.5 564 2923 589 2867 14:15 20:00
CP8 Treskavec  Food&Drink Medical 60 4.5 560 3483 54 2921 15:10 21:30
FINISH Varosh  finish_flag 67 7 140 3623 700 3621 15:50 23:00 23:00h Time Limit (15 hours from start)

Временски лимит – 15ч

 

Whistle-512 Food&Drink Medical launch_icon Transport finish_flag
Start Food & Drinks First aid kit Soup Transport Finish

 

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО

 

  • Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
  • Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
  • Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
  • Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот

Жиро-сметка за офлајн плаќање

Назив на налогопримач: ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Трансакциска сметка: 270069272700140
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка)

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Напомена – во цената не се вклучени банкарските провизии при ОФЛАЈН плаќање

 

Цени и бранови за пријавување:

 

ТРКА Рана пријава

05.05 – 30.06.2018

Доцна пријава

01.07 – 31.08.2018

Краен рок (без подарок од организаторот)

01.09 – 22.09.2018

Трескавец Треил 16 km 300 денари 400 денари 400 денари
Камена Баба Треил 34 km 500 денари 700 денари 700 денари
Козјак Треил 67 km 1200 денари 1800 денари 1800 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа Не се наплаќа Не се наплаќа

 

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Онлајн диплома
  • Финишерски оброк
  • Подароци од партнерите на трката
  • КМТ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо