Правила и Прописи

ПРАВИЛА И ПРОПИСИ НА ТРКАТА
„КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС” 2019

1. ОРГАНИЗАТОРИ

 

 

Здружение за планинско трчање „ТРЕКС” потпомогнато од Општина Прилеп, ја организира тркатa во планинско трчање, Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”.

2. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Крали Марко Треилс е повеќедневен настан каде централно внимание заземаат три трки во планинско трчање кои се одвиваат во околината на градот Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна. Оваа област изобилува со природни убавини и културни споменици од минатото, a дел од нив се влезени во прелиминарната листа за заштита од UNESCO – http://whc.unesco.org/en/tentativelists/1918/. Настанот претставува најголемата трка во планинско трчање во Македонија.

Сите трки започнуваат и завршуваат во најстарата населба во Прилеп – Варош, а за 2019 година предвидени се три трки со различни дистанци и една детска трка

  • Трескавец Треил

16 километри, 800 метри денивелација, старт 31.10.2020  во 10:00 по локално време

  • Козјак Треил

 

Неофицијална/ревијална трка во полна автономија (fully self-sufficient) – старт 31.10.2020  во 07:00 по локално време (види детали подолу)

  • Маркукуле Треил – Детска трка 

1 километар, старт 31.10.2020 во 10:30 по локално време

3. ЗА УЧЕСНИЦИТЕ
    1. Трката е отворена за секого, мажи и жени, над 18 години. Учесниците помлади од 18 години (од 16 до 18 години) може да учествуваат со писмена дозвола од родител единствено на трката Трескавец Треил 16 километри;
    2. Учеството на трката е на лична одговорност и организаторот не превзема никаква одговорност во случај на повреда, несреќен случај или смрт;
    3. Секој учесник е лично одговорен за своите постапки на и околу патеката, особено при прекршување на законите на Република Македонија
    4. Од учесниците се бара да бидат комплетно свесни за должината и спецификациите на трката и да бидат целосно спремни за истата;
    5. Да имаат стекнато способности и вештини за самоодржување во планински услови, справување со промени во микроклимата (дожд, магла, ветер, снег, темница, ниски температури);
    6. Да бидат целосно свесни дека не е должност на организаторот да помага во справување со претходно набројаните проблеми и тегоби
    7. Со самото пријавување на трката секој натпреварувач во електронската форма за пријавување потврдува дека е свесен за опасностите од натпревар во природа и го презема ризикот на себе.
4. ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Доброволното регистрирање и потоа учеството во трките „Крали Марко Треилс” укажува дека натпреварувачот е запознаен со овие правила и дека се согласува и во целост ги прифаќа правилата и прописите изложени во овој текст.

5. ПРИЈАВУВАЊЕ
  • Процедура за пријавување 

Пријавувањето за трките ќе биде отворено на 10.10.2020 и ќе трае до 26.10.2020. Истото се остварува единствено преку веб страната www.kmt.mk

  • Цени и бранови за пријавување: 

ТРКА Рана пријава

10.10 – 26.10.2020

Трескавец Треил 16 km 300 денари
Козјак Треил 67 km (Неофицијална/ревијална трка во полна автономија (fully self-sufficient) 0 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа / пријава на лице место
  • Наплата на стартни пакети:

  • ОНЛАЈН – ПРЕКУ СЕРВИСОТ НА КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС 

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка

**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување

  • ОФЛАЈН – НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 

Назив на налогопримач: ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје

Трансакциска сметка: 270069272700140
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка)

***Напомена – во цената не се вклучени банкарските провизии при ОФЛАЈН плаќање 

  • Следните работи не се дозволени:
      1. Префрлање на веќе уплатена пријава за следната година не е дозволено.
      2. Учество со стартен број пријавен на друго лице не е дозволено.
      3. Преземање на стартен пакет по завршувањето на настанот не е дозволено.
      4. Промена на трка – префрлување на веќе уплатена и потврдена пријава од една на друга личност е дозволена единствено до 26.10. 2020 со претходна најава на email – info@kmt.mk
  • Стартниот пакет содржи:

 

  • Трескавец Треил 16К
  • Стартен број
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • КМТ брендиран подарок од организаторот – маичка
  • Козјак Треил 67К
  • Стартен број
  • Финишерски медал
  • Подигнување на стартен пакет

Стартниот пакет ќе се подигне на претходно најавена локација и датум (види програма на настан – www.kmt.mk). Истиот ќе може да се подигне единствено со приложување на документ за идентификација – лична карта или пасош.

  • Максимален број на учесници

  • Козјак Треил 100
  • Трескавец Треил 200

 

6. ЗАДОЛЖИТЕЛНА И ПРЕПОРАЧАНА ОПРЕМА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ
ТРКА
ОПРЕМА Kozjak 

Trail

Treskavec

 Trail

Шишиња за вода или воден меур за во ранец – минимум 1l волумен ЗАДЛОЖИТЕЛНО ПРЕПОРАЧАНО
Стартен број прикачен на предниот дел на телото – јасно видлив ЗАДЛОЖИТЕЛНО ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Фолија за преживување ЗАДЛОЖИТЕЛНО ПРЕПОРАЧАНО
Свирче ЗАДЛОЖИТЕЛНО ПРЕПОРАЧАНО
Јакна за дожд или шушкавец – погодна за услови во планина ЗАДЛОЖИТЕЛНО ПРЕПОРАЧАНО
Челна лампа со резервни батерии ЗАДЛОЖИТЕЛНО
Вклучен мобилен телефон ЗАДЛОЖИТЕЛНО ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Сет за прва помош ЗАДЛОЖИТЕЛНО ПРЕПОРАЧАНО
Блуза со долги ракави или само ракави ПРЕПОРАЧАНО
Капа/бандана ПРЕПОРАЧАНО
Ракавици ПРЕПОРАЧАНО
Енергетско блокче или слична цврста храна ПРЕПОРАЧАНО
Планинарски стапчиња ПРЕПОРАЧАНО

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА опрема со себе во текот на целата трка. Организаторот има право да направи проверка на некоја од контролните точки (или на ненагласена контролна точка) и доколку некој од натпреварувачите не поседува дел од оваа опрема ќе биде дисквалификуван од трката.

Опремата која е наведена како ПРЕПОРАЧАНА нe е задолжителна да се поседува во текот на трката, но истата е многу веројатно дека ќе ви се најде во специфични услови па затоа е наведена од страна на организаторот.

Употребата на планинарски стапчиња е дозволена и ако учесникот одлучи да ги користи мора да ги има со себе за време на целата трка.

7. САМОСТОЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ТРКАТА

Под поимот „самостојност” се подразбира способноста на учесникот во речиси целиот дел на трката да зависи сам од себе. Освен за храна и за пијалоци, ова важи и за облека и опрема, што го прави учесникот способен за да се адаптира на околината (невреме, ноќ, повреди).

На одредени контролни точки, натпреварувачите може да добијат храна и вода од организаторите на трката, но меѓу овие точки, учесникот треба да биде во можност да зависи од својата опрема, храната и пијалоците кои ги носи со себе, подготвеноста и издржливоста. Бидејќи трките се одвиваат во природа и на планина, натпреварувачите треба да имаат искуство да се прилагодат на условите на природата, на неочекувани промени на временските услови, дожд, грмотевици, средба со животни.

НАПОМЕНА: 

Оваа година трката Козјак Треил 67К ќе има ревијален карактер и ќе се одвива под целосна автономност. Што тоа значи?!

  1. Пријавување за трката ќе има на веб-сајтот www.kmt.mk,
  2. Секој учесник ќе добие стартен број со основни информации
  3. Освежителни станици НЕМА да има – освен 6-7 попатни чешми. Ова значи дека секој сам учесник е потребно сам да си ја организира и носи храната и течностите.
  4. Официјална маркација на трката НЕМА да има (освен на потег до Трескавец и назад – маркација за малата трка). Потребно е да се следи веќе востановената патека и ГПС записот на веб сајт.
  5. Надворешна помош е дозволена само на една точка – ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО (во двата наврати).
  6. Контролни станици ќе има само две – врв Козјак и врв Единак каде ќе биде поставен перфоратор.
  7. Тркачите нема да добијат официјално финиш време, туку само ставка ФИНИШЕР доколку се утврдат двете минувања на Козјак и Единак.
  8. Минувањето на ГПС зацртаната и веќе утврдената патека (поставена на веб-сајтот) е оставено на моралот и етиката на тркачите.
  9. Идејата е да се прослави јубилејот на трката
8. ОТКАЖУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТРКАТА

Доколку натпреварувачот сака да се откаже (поради различни причини) од трката, тој мора да се пријави на најблиската контролна точка за да биде регистриран во системот, бидејќи доколку не постапи така Организаторот ќе смета дека е загубен и ќе покрене спасувачка акција.

9. БЕЗБЕДНОСТ И МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Медицинска помош и екипи на Спасители во планина ќе ја обезбедуваат патеката во текот на целата должина. Во случај на повреда или на друга неопходност, натпреварувачите ќе треба да се јават на предвидените СОС телефони на организаторот запишани на стартниот број, а доколку се најдат на терен каде нема телефонски сигнал, да ја пренесат пораката до првата следна контролна точка – за да може што побргу да се интервенира.

Сепак, земајќи го предвид непристапниот терен и непредвидливите планински услови најчесто самите учесници се наоѓаат први на местото на незгодата. Затоа секој учесник кој ќе се најде во таква ситуација, е должен да ја прекине својата трка и активно да се вклучи во пружањето помош на настраданиот тркач.

Со самото пријавување на трката секој натпреварувач во електронска и пишана форма за пријавување потврдува дека е запознаен и свесен за опасностите од престој во природа и го презема ризикот врз себе. Организаторот ќе стори се за да се намалат ризиците, но затоа и ги молиме натпреварувачите да ги следат нашите совети и препораки:

  • Препорачуваме секој натпреварувач да поседува осигурување од несреќен случај – незгода кое би го покривало при повредување на спортски активности од ваков карактер.
  • Ги советуваме сите натпреварувачи редовно да си ја следат здравствената состојба и препорачуваме да направат стрес-тест месец или два пред натпреварот за да си го утврдат степенот на физичка подготвеност за ваков тип на натпревари каде се бара голема издржливост.

Со цел да се сочува безбедноста и здравјето на натпреварувачите, контролорите и медицинските екипи на контролните точки имаат овластување да ги сопрат и исклучат од трката оние натпреварувачи за кои ќе оценат дека веќе не се во состојба да ја продолжат трката поради некоја медицинска состојба или болест.

Во секој случај, натпреварувачите се задолжени да ги следат инструкциите од контролорите и од медицинските екипи. Секое непочитување на овие инструкции ќе доведе до дисквалификација на натпреварувачот, а доколку истиот одлучи да продолжи по секоја цена, организаторот не презема никаква одговорност за можните несакани последици.

Секој натпреварувач што има некаква болест или состојба го советуваме да се консултира со специјалист за дозвола за учество на натпреварите и за својата здравствена состојба задолжително да го извести организаторот на трката.

10. КОНТРОЛНИ ТОЧКИ И ОСВЕЖИТЕЛНИ СТАНИЦИ

Трескавец Треил 16 км / 1 контролна и 1 освежителна станица

TRESKAVEC TRAIL 16K – 800 D+
Control Points Refreshment Point Location Total km km to next D+ cum D+ to next D- cum D- to next Time first Time last
START Varosh 0 8.5 0 700 0 150 10:00 10:00
CP1 RP1 Treskavec 8.5 7.3 700 120 150 672 10:47 13:00
FINISH Varosh 15.8 820 822 11:22 16:00
Time Limit – 6h

Козјак Треил 67 км / 2 контролни и 0 освежителни станици / во текот на патеката има 7 чешми/извори. 

  • Нема маркација – Потребно е да се следи ГПС запис достапен на www.kmt.mk
  • Нема освежителни станици – Има 7 чешми 
KOZJAK TRAIL 67K – 3600 D+
Control Point Location Total km km to next D+ cum D+ to next D- cum D- to next Time first Time last
START Varosh 0 0 700 0 150 7:00 8:00
CP1 – perforator Kozjak 30 2000 1000
CP2 – perforator  Edinak 51 2880 2000
FINISH Varosh 67.3 3623 3621
Time Limit – 15h

Контролните точки се места на кои се бележи времето на пристигање на тркачот – истото се прави од некој од волонтерите. Појавувањето и забележувањето на контролните точки на тркачите е задолжително. Секој што нема да се појави на некоја од контролните точки ќе биде дисквалификуван од трката (нагласено во делот ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА И ПЕНАЛИ).

Контролните точки се воедно и освежителни пунктови на кои тркачите (со стартен број) ќе имаат можност да добијат храна (овошје, благи работи, сол итн.), вода и други пијалоци за освежување.

 

11. ВРЕМЕНСКИ ОГРАНИЧУВАЊА (Time Limit)
  • Трескавец Треил 16К

Временскиот лимит за финиширање на трката е 6 часа по стартот (16:00 по локално време). Секој што нема да успее да стигне во овој временски лимит ќе биде дисквалификуван.

12. МАРКАЦИИ НА ПАТЕКИТЕ

16K Трескавец Треил – има маркација
67К Козјак Треил – НЕМА маркација – следење на ГПС

Официјално обележување на настанот Крали Марко Треилс се сметаат црвено-бели ленти кои ќе бидат поставени на соодветна раздалеченост за натпреварувачите да немаат поголеми проблеми со ориентација.

Дозволена е, и се препорачува употреба на GPS приемници – на веб-страницата на трката http://kmt.mk/mk/ ќе биде достапен фајл за симнување на патеките од трките – така натпреварувачите ќе имаат дополнителна сигурност при ориентација во природата.

13. КАТЕГОРИИ И РАНГИРАЊЕ

Сите пријавени натпреварувачи за трката Трескавец Треил изданието  „Крали Марко Треилс 2020” ќе бидат класифицирани во следните возрасни и полови категории:

  • Јуниори – (16-18) години – Мажи (М); – единствено за трката од 16км
  • Јуниори – (16-18) години – Жени (F) – единствено за трката од 16км
  • Сениори – (18-50) години – Мажи (М);
  • Сениори – (18-50) години – Жени (F);
  • Ветерани 1- (50+) години – Мажи (М);
  • Ветерани 1 – (50+) години – Жени (F);
  • Ветерани 2 – (60+) години – Мажи (М);
  • Ветерани 2 – (60+) години – Жени (F);

Финалното рангирање на учесниците е во генерален пласман, категорија Мажи (М) и категорија Жени (F)

Сите пријавени натпреварувачи на ревијалната трка Козјак Треил нема да имаат официјално мерење, туку само ќе добијат статус – Финишер доколку се утврдат двете минувања на Козјак и Единак.

14. НАГРАДИ

Учесниците кои завршуваат на првите три места на трката Трескавец Треил ќе бидат наградени со уникатен трофеј, подароци од спонзорите на настанот и диплома.

Дополнително, одличје ќе добијат и најдобрите тројца учесници во категорија Јуниори (16-18); Ветерани (50+) и Ветерани (60+) како и најмладиот и најстариот учесник на настанот.

15. ПРАВА ВРЗ ФОТОГРАФИИ

Со прифаќање на овие регулации секој натпреварувач се откажува од своите права врз официјалните фотографии на настанот. Сите официјални фотографии на настанот се сопственост на организаторот и истите не смеат да се користат, превземаат и експлоатираат без претходно одобрение. Организаторот го задржува правото фотографиите да бидат користени за потребите на истиот.

16. ЕКОЛОШКА ОДГОВОРНОСТ

„Крали Марко Треилс” трките ќе бидат еколошки одговорни трки, односно настани. Се апелира на сите натпреварувачи, контролори и волонтери како и до публиката, крајно внимателно да се однесуваат кон природата и да не ја загадуваат, а забележениот отпад да го отстранат.

Секој што ќе биде фатен како ја загадува природата со отпадоци ќе биде соодветно казнет. Натпреварувачите кои за свои потреби ќе направат некој отпад се должни да го понесат со себе и да го остават на следната контролна точка во предвидените вреќи за отпадоци. Да се обидеме со нашето однесување да бидеме пример за останатите и да придонесеме нашата природа што подолго да остане чиста и незагадена – за нас и за идните генерации.

17. ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА И ПЕНАЛИ

Организаторот има право да го дисквалификува и казни натпреварувачот во следните ситуации:

ПРАВИЛА ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ПЕНАЛ
натпреварувачот не е регистриран на контролна точка ✔
крати во текот на трката ✔
е забележан како фрла отпадоци на патеката 2 часа
доколку не помогне на натпреварувач кој има потреба од помош 2 часа
користи транспорт за време на трката ✔
натпреварувачот се противи на проверките од страна на организаторот за време на трката ✔
не ја поседува задолжителната опрема или одбива да ја покаже на евентуална проверка од страна на волонтерите ✔
непочитување на наредба на надлежно лице – контролор, медицинска помош, организација ✔
18. ПРАВЕЊЕ ПРОМЕНИ ВО РУТАТА И ОТКАЖУВАЊЕ НА ТРКАТА

Организаторот го задржува правото да ја модификува и промени стазата на трката, контролните точки и времето на старт на трката во било кое време поради објективни причини.

Доколку се случат непосакувани временски услови (можност од грмотевици и невреме) и можност за несакани последици од лоши метеоролошки влијанија организаторот може во било кој дел да ја промени или откаже трката.

Стартот на трката исто така може да биде поместен за неколку часа поради непосакувани метеоролошки услови, вклучувајќи и прогноза за многу високи температури.

©KRALI MARKO TRAILS 2020