ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ – 16K 800 D+

Најстарата и најмасовната трка „Трескавец Треил” е долга 16 километри и стартува од Варош, минува под Марковите Кули и преку живописните околни прилепски ридови оди до манастирот Трескавец кој датира од XIII век. За манастирот Трескавец се велело дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можело да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која минува покрај неверојатни карпести природни формации.

Трката изобилува со религиски и духовни мотиви и е вистински репрезент на митското и културно наследство на овој крај. Спектакуларните пејзажи на најголемата рамница во Македонија –  Пелагонија и феноменалната карпеста околина ќе ве остават без здив и ќе ве натераат да се вратите повторно.

Совршениот спој на должина и технички карактеристики ја прават истата да биде идеална за сите оние кои за прв пат учествуваат, но и солиден предизвик  за оние со поголемо искуство.

Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867

Старт – 31.10.2020 – 10:00h локално време

ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ 16K – 800 D+

Контролни Точки Освежителни стaници Локација Вкупно km km до следна D+ вкупно D+ до следна D- вкупно D- до следна Време прв Време последен Временски лимит
СТАРТ Варош 0 8.5 0 700 0 150 10:00 10:00 10:00
КТ1 ОС1 Трескавец 8.5 7.3 700 120 150 672 10:47 13:00 13:00
ФИНИШ Варош 15.8 820 822 11:22 16:00 16:00
Временски лимит – 6ч

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО

  • Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
  • Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
  • Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
  • Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот

Жиро-сметка за офлајн плаќање

Назив на налогопримач: ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Трансакциска сметка: 270069272700140
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка)

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Напомена – во цената не се вклучени банкарските провизии при ОФЛАЈН плаќање

 

Цени и бранови за пријавување:

ТРКА Рана пријава

10.10 – 26.10.2020

Трескавец Треил 16 km 300 денари
Козјак Треил 67 km (Неофицијална/ревијална трка во полна автономија (fully self-sufficient) 0 денари
Маркукуле Треил – детска трка Не се наплаќа

 

 

Со обезбеден стартен пакет добивате:

  • Стартен број
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • КМТ брендиран подарок од организаторот – маичка