
ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ – 16K 800 D+
Најстарата и најмасовната трка „Трескавец Треил” е долга 16 километри и стартува од Варош, минува под Марковите Кули и преку живописните околни прилепски ридови оди до манастирот Трескавец кој датира од XIII век. За манастирот Трескавец се велело дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можело да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која минува покрај неверојатни карпести природни формации.
Трката изобилува со религиски и духовни мотиви и е вистински репрезент на митското и културно наследство на овој крај. Спектакуларните пејзажи на најголемата рамница во Македонија – Пелагонија и феноменалната карпеста околина ќе ве остават без здив и ќе ве натераат да се вратите повторно.
Совршениот спој на должина и технички карактеристики ја прават истата да биде идеална за сите оние кои за прв пат учествуваат, но и солиден предизвик за оние со поголемо искуство.
Старт и финиш – амфитеатарот во Варош, Прилеп – ГПС – 41.357493, 21.530867
Старт – 31.10.2020 – 10:00h локално време
ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ 16K – 800 D+ |
|||||||||||
Контролни Точки | Освежителни стaници | Локација | Вкупно km | km до следна | D+ вкупно | D+ до следна | D- вкупно | D- до следна | Време прв | Време последен | Временски лимит |
СТАРТ | Варош | 0 | 8.5 | 0 | 700 | 0 | 150 | 10:00 | 10:00 | 10:00 | |
КТ1 | ОС1 | Трескавец | 8.5 | 7.3 | 700 | 120 | 150 | 672 | 10:47 | 13:00 | 13:00 |
ФИНИШ | Варош | 15.8 | 820 | 822 | 11:22 | 16:00 | 16:00 | ||||
Временски лимит – 6ч |
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПРИЈАВУВАЊЕТО
- Со успешното пријавување на некоја од трките ќе бидете известени по електронска пошта (доколку не стигне мејл во инбокс сандачето, проверете во спам и промоции)
- Во е-поштата секој пријавен добива линк за одложено онлајн плаќање на пријавата
- Наплатата може да се обави ОНЛАЈН со картичка или ОФЛАЈН преку плаќање на трансакциска сметка
- Пријавата се финализира со успешно извршена трансакција преку плаќање на ОНЛАЈН или ОФЛАЈН сервисот
Жиро-сметка за офлајн плаќање
Назив на налогопримач: ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Трансакциска сметка: 270069272700140
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Крали Марко Треилс (наведете трка)
* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка
**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување
***Напомена – во цената не се вклучени банкарските провизии при ОФЛАЈН плаќање
Цени и бранови за пријавување:
ТРКА | Рана пријава
10.10 – 26.10.2020 |
||
Трескавец Треил 16 km | 300 денари | ||
Козјак Треил 67 km (Неофицијална/ревијална трка во полна автономија (fully self-sufficient) | 0 денари | ||
Маркукуле Треил – детска трка | Не се наплаќа |
Со обезбеден стартен пакет добивате:
- Стартен број
- Храна и пијалоци во текот на трката
- Финишерски медал
- КМТ брендиран подарок од организаторот – маичка