Детален водич за патеката на Крали Марко Ултра Треил 60К
60К Ultra е старо-новата, најдолгата и најепска планинска ултра-маратонска трка во рамките на Крали Марко Треилс. Со должина од околу 60 километри и импресивно вкупно искачување и спуштање од приближно 4.800 м D+/D-, оваа патека ги тестира крајните граници на издржливоста, носејќи ги ултра-маратонците низ целокупниот историски, карпест и митски пејзаж на заштитеното подрачје Маркови Кули, манастирот Трескавец, Дабница, Единак и Камена Баба.
Концепт и Структура на Патеката
Патеката на 60К е дизајнирана како логистички и физички предизвик кој ги комбинира најдобрите делови од сите помали дистанци во уникатна целина:
- Првите 2/3 (Обратен правец): По стартниот балон во Варош, тркачите тргнуваат во обратен правец (следејќи дел од патеката на 23К наназад), движејќи се кон Дабница и манастирот Трескавец преку истите патчиња.
- Средниот спој (Преку 13К до базата): Од Трескавец патеката се спушта низ Заград и се приклучува на трасата на 13К во нормален правец сè до стартно-целната област во Варош. Тука тркачите имаат целосна освежителна станица, можност за подигање drop-bag и менување на темпото пред клучниот дел.
- Финалната 1/3 (Целосната 40К патека): Од школото во Варош, ултрашите продолжуваат директно по целосната патека на Камена Баба Треил (40К) – искачување кон Маркови Кули, карпата со сајла, Црквиште, повторно качување кон Трескавец и Дабница, па масивите на Единак и Камена Баба (Кукул), пред благиот финишен спуст назад во Варош.
Опис на Движењето по Сектори
- Старт и првиот технички прстен (Обратен правец 23К)
- Локација: ПОУ Блаже Конески во населба Варош (700 мнв), Прилеп.
- Од стартната линија патеката се упатува кон запад и север, движејќи се во обратен правец во однос на класичните трки. Овој дел веднаш ги соочува тркачите со суровиот терен на падините под Зеленик и околните ридови, минувајќи низ каменити патеки, макадами и старите планински премини кон селото Дабница.
-
2. Искачување кон манастирот Трескавец и спуст кон Заград
- Од Дабница, патеката се искачува кон легендарниот манастир Трескавец (~1.256 мнв), нудејќи вистински вертикален предизвик со постојано качување по каменити терени и антички патеки.
- По кратка пауза и освежување кај манастирот, следува технички и брз спуст низ Заградските стени кој ги носи тркачите кон подножјето, од каде патеката се приклучува на трасата на 13К во нормален правец.
3. Главната база во Варош (Пресек на 2/3 од трката)
- Тркачите пристигнуваат во училишниот двор во Варош. Ова е клучна точка за ресетирање, полнење на со храна (и супа, вода, електролити), проверка на опремата и менување на патики или чорапи доколку е потребно.
- Оттука започнува вистинската „круна“ на трката – продолжување по целосната патека на Камена Баба Треил (40К).
4. Втора рунда: Искачување кон Маркови Кули, Црквиште и Трескавец (повторно)
- Од Варош се влегува во строгиот центар на карпестиот лавиринт на Маркови Кули, минувајќи низ античките бедеми и карпата со сајлата.
- Патеката води преку Црквиште, па повторно се искачува кон манастирот Трескавец и спушта низ Дабница. Овој дел ја тестира менталната сила на ултрашите, бидејќи веќе имаат истрчано над 35-40 километри пред да се соочат со највисоките точки на денот.
5. Искачување кон Единак, Камена Баба и Финиш
- Од Дабница, трасата продолжува кон јужните страни на ридот Единак (~1.250 мнв) – највисоката точка на трката со серија кратки, стрмни и технички гребенски делови.
- Следуваат впечатливите премини преку возвишението Глајца и карпестиот рид Кукул (Камена Баба), каде панорамата кон Пелагонија нуди незаборавна глетка пред последните километри.
- По искачувањето од Дабница кон Наковална и заобиколувањето на Марковите Кули од северозападната страна, следува последниот брз спуст од 1.5 км директно во школскиот двор во Варош за епски финиш!
Клучни Тешки Делници на 60К
- Првите 25 км: Технички треил во обратен правец низ ридовите и искачување кон Трескавец.
- Качувањето кон Трескавец (во два наврата): Секок искачување носи околу 500–600м+ вертикала.
- Спустот и качувањето кај Единак (ок. 40–45 км): Моментот кога заморот е на врвот, а теренот бара максимална стабилност.
Контролни и Освежителни Станици
- Старт/Цел (Варош): Мерење време, целосна храна, овошје, вода, електролити, топол оброк (пиво и гравче), прва помош и drop-bag зона.
- Заград, Манастир Трескавец, Дабница, Кукул: Пунктови за мерење време, вода, суво овошје, гелови, електролити и медицинска поддршка.
Почувствувај го митот на квадрат – истрчај ја ултра-легендата на Крали Марко Треилс 60К!