05.03.2023, 09:00
35.5 км / 1,890 м+
Лимит: 8 ч.
ИТРА: 2 поени
Пријавувањето е затворено.
05.03.2023, 11:00
17.9 км / 980 м+
Лимит: 5 ч.
ИТРА: 1 поени
Пријавувањето е затворено.
Најстарата и најпопуларна планинска трка во Македонија наречена „Трескавец Треил“ е долга 18км и започнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажни ритчиња ги носи тркачите кон Манастирот Трескавец (13 век) и потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка „Камена Баба Треил“, исто така започнува од Варошот и ја следи патеката до Манастирот Трескавец и оттаму продолжува низ вонземски карпести предели преку Камена Баба во 35 км.
Крали Марко Треилс изобилува со митски и духовни мотиви кои ви го одземаат здивот и ве тераат да доаѓате повторно. Настанот во вистинска мера го претставува духовното и културно наследство на пелагонискиот регион во Македонија. Векови подоцна овие трки се уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко, да се истражува и да се стане современ херој!