Камена Баба Треил

Крали Марко Треилс изобилува со митски и духовни мотиви кои ви го одземаат здивот и ве тераат да доаѓате повторно. Настанот во вистинска мера го претставува духовното и културно наследство на пелагонискиот регион во Македонија. Векови подоцна овие трки се уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко, да се истражува и да се стане современ херој!

старт: 09 МАРТ 2025, 09:00, Прилеп
*****
должина: 34,2 km
искачување: 1,800 m D+
спуштање: 1,800 m D-
временски лимит: 8 h
освежителни станици: 2
*****
Пријавување од 15.12.2024.

ПОДИГНУВАЊЕ СТАРТНИ ПАКЕТИ

КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ 35K
09.03.2025, НЕДЕЛА, 07:30 - 08:45

АМФИТЕАТАР во Варош, Прилеп
ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ

* Секој учесник се натпреварува на своја одговорност.
* Со плаќање на котизацијата, учесниците ги прифаќаат условите и се согласуваат да учествуваат на сопствен ризик.
* Тркачите мора да бидат во добра физичка форма.
* Трката ќе се одржи во сите временски услови, освен ако не е загрозена безбедноста на тркачите. Во таков случај, организацискиот тим ќе одлучи за алтернативна патека, алтернативни делови од патеката или целосно откажување на трката.
* Поради тешкотијата на трката, тркачите помлади од 18 години не можат да учествуваат на Камена Баба Треил, а под 16 години на Трескавец Треил.
* Патеката ќе биде добро маркирана (исклучиво црвени знамиња во природа, лента за обележување во урбаните средини, патокази на раскрсници...). Волонтерите на трката ќе бидат присутни на клучните точки со цел да ги насочат тркачите.
* Организаторот не прифаќа одговорност за каква било штета или повреда направена од натпреварувачите врз себе, на други натпреварувачи или на трети лица.
* Организаторот не прифаќа одговорност за било каква штета направена на опремата за трчање за време на трката.
* Доколку недостасува маркација на некои делови на патеката, тркачите треба да го пријават тоа на најблиската контролна точка.
* Сите тркачи мора да ја носат со себе и/или на себе задолжителната опрема.
* Сите тркачи мора да ја следат маркираната патека. Секое користење на кратенки и излегување од означената патека ќе биде соодветно казнето. Во случај да не видите маркација на маршрутата повеќе од 200 метри, вратете се на последното обележување и повторно проверете пред да продолжите.
* Организаторот го задржува правото за промена на рутите.
* Со пријавувањето дозволувате обработка на вашите податоци во базите на податоци на TREX.

Следниве постапки не се дозволени:
- префрлање на стартнината за следната година (освен при виша сила);
- учество во другата трка наместо во онаа за која натпреварувачот е пријавен и платил;
- размена на стартен број со друг учесник или учество на трка со туѓ стартен број. 
Секој натпреварувач кој ќе биде фатен за време или по учество на трката со туѓ стартен број ќе биде дисквалификуван.

СТАРТЕН ПАКЕТ

* стартен биб број со електронски чип
* маркации по целата маршрута
* вода, храна и пијалок, спасители и медицинска помош во текот на трката
* брендиран подарок од трката
* финишерски медал
* фотографии од трката
* доживотни права за фалби ;)
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
Задолжителната опрема НЕМА (освен стартен број). Во случај на лоши временски услови, организаторот на настанот има право да воведе  задолжителна опрема, која ќе биде објавена еден ден пред почетокот на трката - не ја потценувајте моќта на природата!

Но силно ја препорачуваме следната опрема што секој учесник би требало да ја има на себе во текот на целата трка:

- (само за трката Камена Баба): ранец за трчање и бидон, мешина или шише за вода со волумен од најмалку литар течност. (Но истото и за Трескавец Треил го препорачуваме).
- стартен број (А5 големина) кој мора да биде видливо закачен напред на облеката (телото) во текот на целата трка (обезбеден од организаторот)
- астрофолија или јакна-ветровка
- мобилен телефон со полна батерија
- гумена, пластична чашка, бидон или шише кое може да се користи како сад за вода и сок на освежителните станици. Поради заштита на природната средина, организаторот нема да овозможи пластични/хартиени чаши за еднократна употреба на освежителните станици и на целта. 

ДРУГА ПРЕПОРАЧАНА ОПРЕМА

- бидон, мешина или шише за вода со волумен од најмалку половина литар течност
- свирче
- капче и/или бандана
- високо-калорични плочки, гелови или друга храна
- барем 300 денари за купување пијалок или храна на целта
- соодветни патики наменети за планинско трчање
- еластичен завој и ханзапласт
Планинарски стапчиња се дозволени.

Крали Марко Треилс

Уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко векови подоцна, да се истражува и преку планинското трчање да се стане современ херој!
© Здружение ТРЕКС 2023
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram