Здраво дечки, ви благодариме што се пријавивте на Крали Марко Треилс и што ќе ја зграпчите оваа уникатна можност по стапкитете на Крали Марко, векови подоцна, да истражувате и преку планинското трчање да станете современи херои!
Ви посакуваме добредојде на 10тото издание на Крали Марко Треилс во организација на здружението ТРЕКС Скопје поддржано од нашите главни партнери Polish Aid, Алга Сан, Крали Марко светло пиво, Виталиа и во соработка со извидничкиот одред Феникс од Прилеп.
Како и досега, центарот на трката каде што се подигнуваат стартните пакети, стартот и целта че биди во АМФИТЕАТАРОТ во населба Варош, Прилеп ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА
Доколку сакате да преспиете во Прилеп дента пред трка најтопло ви го препорачуваме Хотел Атлас во центарот на градот каде што и ние како организација ќе бидеме сместени. Цената е 1,550 денари со вкл.појадок (резервирајте на 072 652 333)
Ако доаѓате само на еден ден во Прилеп, дојдете порано имајќи на ум дека сите треба да земете стартен број во кус рок пред старт. Внимавајте каде го паркирате автомобилот наоколу во населбата Варош, ве молиме не ги блокирајте приодите кон гаражите и доворовите на соседите и кон коридорите во Амфитеатарот, особено не паркирајте во сокаците каде што врви трката.
КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ 35К / 1,890 m D+
ПОДИГНУВАЊЕ СТАРТНИ ПАКЕТИ
05.03.2023, НЕДЕЛА, 07:00 - 08:45
СТАРТ: 09:00
***
ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ 18К / 980 m D+
ПОДИГНУВАЊЕ СТАРТНИ ПАКЕТИ
05.03.2023, НЕДЕЛА, 09:15 - 10:45
СТАРТ: 11:00
- (само за трката Камена Баба 35К): ранец за трчање и бидон, мешина или шише за вода со волумен од најмалку литар течност. (Но истото и за Трескавец Треил 18К силно го препорачуваме).
- стартен број (А5 големина) кој мора да биде видливо закачен напред на облеката (телото) во текот на целата трка (обезбеден од организаторот)
- астрофолија
- јакна-ветровка
- мобилен телефон со полна батерија
- гумена, пластична чашка, бидон или шише кое може да се користи како сад за течности на освежителните станици. Нема да има пластични/хартиени чаши за еднократна употреба на освежителните станици и на целта.
- внимавајте на ѓубрето по џебовите и ранците и не дозволувајте да ви паѓа по патеката во природа. На освежителната станица и на стартот-целта ќе го селектираме отпадот и тоа лименки, пластика, стакло и комунален отпад (прашајте ги волонтерите што-каде е пред да фрлате)
Трките се маркирани со црвени знаменца на секои 50-100 метри а на клучни места освен насочувачи има и црвени патокази со стрелки. Внимателно проучете ги патеките и симнете ги гпс фајловите на вашиот спортски часовник и во соодветна апликација на мобилен телефон.
Двете трки скоро 100% се одвиваат по козји патеки, вистинско уживање за љубителите на трејлот, и стартуваат од Варошот, и директно стрмно искачуваат кон тврдината Маркови Кули. Потоа по традиционалната планинарска патека ве носат до Манастирот ТРЕСКАВЕЦ 8км (ќе има само вода таму) и се спуштате по вековната патека кон патот кон селото Дабница каде што има целосно опремена освежителна станица наречена ДАБНИЦА 13км.
Оттаму само тркачите на КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ 35К се упатуваат кон Камена Баба/Кукул каде што од седлото се врти на ваша десна страна (кон југ) и се заобиколува целото ритче и се враќате пак назад на Седлото (пред него на 500м ќе оставиме вода да си надополните). Потоа се искачувате преку врвчето Глајца кон врвот ЕДИНАК 26км (не се качува туку под него се проаѓа). Оттаму брз спуст повторно кон ОС ДАБНИЦА 30км.
А тркачите на ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ 18К од Дабница, скоро истовремено со тркачите од подолгата трка се искачуваат кон Наковална и продолжуваат кон Марковите Кули кои ги заобиколуваат оддесно кон целта во Варошот. На целта ќе ве чека Крали Марко светло пиво и топол оброк - манастирско посно гравче.
Во недела на о5 март времето ќе биде генерално облачно. Услови за дожд околу 30%. Слаб ветер ќе провејува. Температура околу 8°C на пладне. Очекувајте спарно време. Облечете се соодветно како за тренинг во млаки зимски услови.
За ваша безбедност на терен ќе се грижи мобилна екипа од Планинско спасителна служба Златоврв Прилеп и статични екипи со доктори на стартот/целта и ОС Дабница . Но, во духот на спортскиот фер-плеј должни сте на секому кој би имал потреба веднаш да му помогнете и да останете со него/неа додека спасителите не пристигнат.
Меморирајте го бројот на организаторот 071 246 423 во вашите телефони. И во случај на несреќа, губење или откажување веднаш јавете се за да не ве бараме залудно околу болдерите. На секое ќоше од трките има одлична мрежна покриеност.
Резултатите се достапни на следниот линк https://kmt.ultratrail.mk/kmt-2023/dashboard најдете се во списокот, проверете дали ви се точни податоците.
Мерењето на времето на стартот/целта ќе биде електронски со чипови (залепени на стартниот број) а на контролните точки преку мобилна апликација така што не заборавајте на волонтерите гласно да им го кажете вашиот број односно јасно да им го покажете доколку ви е покриен со ветровката која мора задолжително да ја имате со себе.
Прогласување на победници ќе биде во 15:00 часот а настанот се затвора во 17:00 часот. И не заборавајте, натпреварувајте се во рамките на своите психо-физички можности и забавувајте се.
За сите должини на трки
Февруари, 2023, датата ќе биде објавена
За сите должини на трки
26 Февруари 2023, СРЕДА
КАМЕНА БАБА ТРЕИЛ 35K
05.03.2023, НЕДЕЛА, 07:00 - 08:45
ТРЕСКАВЕЦ ТРЕИЛ 18K
05.03.2023, НЕДЕЛА, 09:10 - 10:45
АМФИТЕАТАР во Варош, Прилеп
ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА
05.03.2023, НЕДЕЛА, 09:00
АМФИТЕАТАР во Варош, Прилеп
ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА
05.03.2023, НЕДЕЛА, 11:00
АМФИТЕАТАР во Варош, Прилеп
ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА
05.03.2023, НЕДЕЛА, 12:20 > 18:00
АМФИТЕАТАР во Варош, Прилеп
ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА
05.03.2023, НЕДЕЛА, 15:00
АМФИТЕАТАР во Варош, Прилеп
ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА