ПОЧУСТВУВАЈ ЈА ЛЕГЕНДАТА
ТРЧАЈ ГО МИТОТ
02.03.2025

Маркукуле Треил 13К

13 км
730+
4 часа лимит
1000 ден.
први 20 уплати
1500 ден.
редовен рок
Оваа трка ја обиколува културно-историската локација Маркови Кули во Прилеп, дел од природното наследство на регионот. Следете ги живописните патеки низ ридестиот пејзаж со спектакуларен поглед. 
ПРИЈАВИ 13KДознај повеќе

Трескавец Треил 23К

23 км
1,400+
6 часа лимит
1500 ден.
први 20 уплати
2000 ден.
редовен рок
Трката на која сите се калевме - започнува од Варош и води до историскиот Манастир Трескавец од 13-тиот век. Па се врви низ каменестите предели над селото Дабница и преку Марковите Кули се враќа кон Варошот.
ПРИЈАВИ 23KДознај повеќе

Камена Баба Треил 40К

40 км
2,300+
10 часа лимит
2000 ден.
први 20 уплати
2500 ден.
редовен рок
Најјуначката трка на КМТ чија патека се распостила низ уникатни карпести форми и пејсажи кон Манaстирот Трескавец, па над селото Дабница води околу Камена Баба и на Единак, за автентично трејл искуство.
ПРИЈАВИ 40KДознај повеќе

За настанот

Најстарата и најпопуларна планинска трка во Македонија која се одржува уште од 2011, наречена „Трескавец Треил“ е долга 23км и започнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажни ритчиња ги носи тркачите кон Манастирот Трескавец (13 век) и потоа назад во Прилеп. Најкратката трка Маркукуле во должина од 13км започнува во Варошот и ја обиколува културно-историската локација Маркови Кули во Прилеп, дел од природното наследство на регионот. Следете ги живописните патеки низ ридестиот пејзаж со спектакуларен поглед. 
Исконската трка „Камена Баба Треил“, исто така започнува од Варошот и ја следи патеката до Манастирот Трескавец и оттаму продолжува низ вонземски карпести предели преку Камена Баба во 40км.

Патеките на #КралиМаркоТреилс врват низ споменикот на природата и заштитено подрачје #МарковиКули во планинскиот огранок на планината Бабуна, околу Марковите Кули, Манастирот Трескавец, Камена Баба, Единак, Кукул... Овој вонземски пејсаж, препознатлив по карактеристичните карпи кои се составени од богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот - метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити.

Крали Марко Треилс изобилува со митски и духовни мотиви кои ви го одземаат здивот и ве тераат да доаѓате повторно. Настанот во вистинска мера го претставува духовното и културно наследство на пелагонискиот регион во Македонија. Векови подоцна овие трки се уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко, да се истражува и да се стане современ херој!

Authentic Macedonia

Embark on an unforgettable journey through Macedonia, a land where history, culture, and natural beauty come together to create an unparalleled experience. Our exclusive travel package in cooperation with experienced inbound tourist agency RISING BALKANS invites you to explore this captivating destination, offering something for every traveler.
TOURIST OFFER DETAILS

Крали Марко Треилс

Уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко векови подоцна, да се истражува и преку планинското трчање да се стане современ херој!
© Здружение ТРЕКС 2023
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram