ПОЧУСТВУВАЈ ЈА ЛЕГЕНДАТА
ТРЧАЈ ГО МИТОТ
02.03.2025

ПЛАнински трки

Камена Баба Треил 35K

02.03.2025, 09:00

34.2 км / 1,800 м+

Лимит: 8 ч.

ИТРА: 2 поени

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Пријавување од 15.12.2024.

Трескавец Треил 18K

02.03.2025, 11:00

17.8 км / 980 м+

Лимит: 5 ч.

ИТРА: 1 поени

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Пријавување од 15.12.2024.

За настанот

Најстарата и најпопуларна планинска трка во Македонија која се одржува уште од 2011, наречена „Трескавец Треил“ е долга 18км и започнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажни ритчиња ги носи тркачите кон Манастирот Трескавец (13 век) и потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка „Камена Баба Треил“, исто така започнува од Варошот и ја следи патеката до Манастирот Трескавец и оттаму продолжува низ вонземски карпести предели преку Камена Баба во 35 км.

Патеките на #КралиМаркоТреилс врват низ споменикот на природата и заштитено подрачје #МарковиКули во планинскиот огранок на планината Бабуна, околу Марковите Кули, Манастирот Трескавец, Камена Баба, Единак, Кукул... Овој вонземски пејсаж, препознатлив по карактеристичните карпи кои се составени од богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот - метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити.

Крали Марко Треилс изобилува со митски и духовни мотиви кои ви го одземаат здивот и ве тераат да доаѓате повторно. Настанот во вистинска мера го претставува духовното и културно наследство на пелагонискиот регион во Македонија. Векови подоцна овие трки се уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко, да се истражува и да се стане современ херој!

Крали Марко Треилс

Уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко векови подоцна, да се истражува и преку планинското трчање да се стане современ херој!
© Здружение ТРЕКС 2023
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram